Трапезни лимови

Ваметал располага со Roll Forming line машина со која се изработуваат Трапезно обликуваните лимови, во неограничена должина со точност во дел од милиметарот.

Видови на Трапезни Лимови:

  • Кровни (индустриски) - TR 35 / 215 / 1050 mm
  • Зидни / Плафонски - TR 17/170/1100mm, TR 20/140/1100mm

Трапезните или ребрувани лимови имаат широка примена во Градежништвото поради извонредните карактеристики:

  • Голема и долгогодишна отпорност на климатски и надворешни влијанија;
  • Многу добра УВ отпорност;
  • Глатка површина;
  • Лесен за обработување;
  • Одлични Статички карактеристики (се користи при големи растојанија помеѓу рожниците/ослонувачите, со што го намалува трошокот при градење);
  • Лесна и брза монтажа;

Кровен Трапезоиден (ребруван) Лим со тип на ребро: ТR 35/215/1050mm